Помпео: ИД е помоќна во некои реони од порано

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот државен секретар Мајк Помпео призна денеска дека ИД регрутира сили во некои реони, но додаде дека капацитетот на таа терористичка организација да изврши напад е намалена до голем степен.

– Комплексно е. На некои места ИД е помоќна денес отколку пред три или четири години, изјави Помпео за Си-Би-Ес.

Тој тврди дека самопрогласениот калифат исчезнал и можностите за извршување напади се многу тешки.

Коментарот беше даден по повод напис во „Њујорк тајмс” дека исламистичката група добива нови сили во Ирак и во Сирија. Во декември лани американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е победена ИД во Сирија и дека за нивните армиски сили таму веќе нема потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот