Помпео и Дендиас разговарале за важноста на Договорот од Преспа и негова имплентација

Важноста на Договорот од Преспа, неговото доследно спроведување, членството на Северна Македонија во НАТО, како и поддршката за интеграцијата во ЕУ и НАТО на земјите од Западен Балкан, ги споменуваат САД и Грција, во заедничката изјава по средбата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во Солун на која бил разгледан стратешкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-САД и Грција ја повторуваат нивната поддршка за интеграцијата на сите земји од Западен Балкан во европските и трансатлантските институции, согласно изборот на нивните граѓани. Ги истакнаа напорите на Грција за оваа цел, потенцирајќи ја континуираната важност на историскиот Договор од Преспа, по што следеше и членството на Северна Македонија во НАТО, притоа истакнувајќи ја важноста на доследната имплементација на договорот со добра волја, пишува во заедничката изјава во делот посветен на регионалната соработка.

Западен Балкан, според твитот на Мајк Помпео, меѓу другото, била и една од темите за кои разговарал со шефот на грчката дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот