ПОМПЕО ГО ПРЕДУПРЕДИ МЕКСИКО: Ќе воведеме нови такси ако не запре имиграцијата

фото EPA-EFE/TOM BRENNER

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека Вашингтон се уште е подготвен да воведе такси за Мексико во случај да нема напредок во запирањето на илегалната имиграција.

– Ако не постигнеме доволно напредок, постои ризик повторно да се воведат таксите – изјави Помпео на брифинг.

Марсело Ебрард, министер за надворешни работи на Мексико, рече дека ако миграцијата не биде намалена на јужната граница на Мексико во рок од 45 дена, владата на таа земја ќе започне преговори со САД за прифаќање на договор за „безбедна трета земја”.

Со тој договор ќе се бара од мигрантите да аплицираат за азил во Мексико.

Во неодамна објавена заедничка декларација на САД и Мексико се нагласува дека Мексико се согласил да прими повеќе мигранти кои бараат азил во САД, додека азилантите чекаат одлука на американски власти за нивни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот