Помпео: Го немаме видено Ким Џонг-ун, во земјата може веќе владее глад

Претставници на САД не се виделе скоро со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, рекол државниот секретар Мајк Помпео.

Тој изрази сомневање дека таа земја би можела да биде погодена или од коронавирусот или од гладот заради светската криза, пренесува Си-Ен-Ен.

Ким последен пат се појави во јавноста на 12 април, заради што се појавија гласини дека е сериозно болен.

Сепак, властите на Северна Кореја го негирале тоа и изнеле можност дека севернокорејскиот „врховен лидер“ е во одмаралиштето Вонсан за да се заштити од коронавирусот.

Северна Кореја ги затвори границите на крајот на јануари заради пандемијата на коронавирусот.

Во интервју за Фокс њуз, Помпео за здравјето на Ким рекол:

„Го немаме видено, немаме никакви информации моментално, но ја набљудуваме состојбата“.

Помпео додаде дека постои голем ризик дека во Северна Кореја ќе дојде до глад и недостиг на храна.

„Сите тие работи будно ги следиме, бидејќи тие имаат вистинско влијание на нашата мисија, која за конечна цел има денуклеаризација на Северна Кореја“, рекол тој.

Си-Ен-Ен пишува дека за време на 1990-тите години во Северна Кореја од глад умреле стотина илјади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот