Помпео го нарече лажен извештајот за отповикувањето на Трамп

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го отфрли извештајот за презентирање на случајот за отповикувањето на американскиот претсетдател Доналд Трамп со изјавата: Eдноставно сè е погрешно.

На 300 страници од извештајот, објавени од демократите кои го предводат Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом, изнесени се обвиненија дека Трамп ја злоупотребил власта.

Според извештајот, Помпео се наоѓа помеѓу највисоките функционери кои знаеле или пак биле вмешани во тоа како да остварат политичка корист од странска земја.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп ги негираше сите обвиненија, нарекувајќи ја истрагата-измама.

Во извештајот е наведено дека многу од најблиските подредени и советници на Трамп, вклучувајќи го и Помпео, му помогнале на американскиот претседател да изврши притисок врз Украина, а притоа Конгресот не бил информиран за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот