Помпео: Г7 ја констатираше кинеската кампања за дезинформирање за коронавирусот

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Групата седум индустриски најразвиени земји во светот Г7 денеска ја констатираше кинеската „кампања за дезинформирање“ за новиот коронавирус, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

– Комунистичката партија на Кина претставува голема закана за нашето здравје и нашиот начин на живот, како што тој јасно го покажа епидемијата – рече Помпео на прес-конференција во Вашингтон по виртуелниот состанок со колегите од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.

Вашингтон ја обвинува Кина поради нетранспарентност на почетокот на епидемијата на коронавирусот и што дозволила да се прошири низ светот.

Министрите за надворешни работи на Г7 се состанаа пред виртуелниот самит на Г20 на најголемите светски сили, на кој ќе учествуваат и американските и кинеските лидери.

Помпео рече дека „не е време за обвинување, време е за решавање на овој светски проблем“.

– Очајнички сакаме да работиме со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Кина, да најдеме решенија за што поголем број луѓе да останат живи, а потоа да ја обновиме економијата што ја уништи вирусот од Вухан – додаде шефот на американската дипломатија.

Помпео рече дека „секоја нација што беше на утринскиот состанок е длабоко свесна за кампањата за дезинформирање во која е ангажирана Комунистичката партија на Кина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот