Помпео: Ерменија и Азербејџан да го запрат насилството

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, денеска, од Крит, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се осврна и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, велејќи дека треба да запре насилството и колку е можно побргу да продолжат преговорите, јави дописничката на МИА од Атина.

Помпео рече дека на вчерашната средба со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас го споменале и конфликтот во Нагорно-Карабах.

-Двете страни треба да го запрат насилството и да работат со ко-претседавачите од групата Минск за да се вратат на суштински преговори колку е можно побргу, рече Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот