Помпео е негативен на коронавирусот

Фото:EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека тој и неговата сопруга се негативни на тестот на коронавирус.

Помпео ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот.

Поради новонастанатата ситуација Трамп ги откажа предизборните митинзи, а засега не е познато дали ќе се одржи следната дебата на двајцата претседателски кандидата, која е закажана за 15 октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот