Помпео до Курти: Укинувањето на таксите и меѓусебното признавање со Србија треба да бидат приоритети

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Укинувањето на тарифите за продуктите од Србија и БиХ ќе биде важно за враќање на странките на масата за преговори. Ние се надеваме и очекуваме ова да биде приоритет, по позитивниот момент кој се направи по потпишувањето на договорите за авионската и железничката линија помеѓу Приштина и Белград – се вели во писмото на Помпео.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео преку писмо му честиташе на Албин Курти за премиерското место. Во писмото, Помпео се надева дека остранувањето на таксите со Србија и Босна и Херцеговина и меѓусебното признавање со Србија се приоритети на новата влада.

– Укинувањето на тарифите за продуктите од Србија и БиХ ќе биде важно за враќање на странките на масата за преговори. Ние се надеваме и очекуваме ова да биде приоритет, по позитивниот момент кој се направи по потпишувањето на договорите за авионската и железничката линија помеѓу Приштина и Белград – се вели во писмото на Помпео.

Во однос на меѓусебното признавање помеѓу Косово и Србија, Помпео истакнал дека сега е време за остварување на нормални односи со Србија, односи кои за цел ќе имаат меѓусебното признавање, и кои се од суштинско значење за потполна меѓународна интеграција на Косово.

Според него, САД ќе даде подршка за овој процес и ќе помогне во остварување на заедничките цели, како што се владеењето на правото и економскиот раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот