Помпео: Црна Гора да работи на владеење на правото и слободата на медиумите

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е важна за регионалната стабилност, но оти е потребно да се работи на јакнење на владеење на правото и слободата на медиумите.

Тој на прес конференција по средбите со црногорскиот државен врв рече дека не смее да има напади врз новинари, како што беше случајот со новинарката Оливера Лакиќ.

Помпео, кој престојува во прва официјална посета на Црна Гора, рече дека двете држави склучиле договор за набавка на воена опрема вреден 36 милиони долари.

„Вијести” пишува дека американскиот дипломат ја пофалил и соработката меѓу двете држави и заедничката борба против опасностите на 21 век.

– Црна Гора е важна за регионалната стабилност, нагласи Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот