Помпео: Благодарност до вашата помош на мисиите на НАТО, САД продолжува да е ваш партнер

Мајк Помпео во посета на Македонија во октомври 2019 година/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека е остварено многу од отворањето на првата канцеларија во Скопје во 1994 година.

– Сега имаме 61 американски дипломат и над 250 локални вработени. Растежот на нашиот дипломатски тим го изразува и развојот на нашето стратешко партнерство – рече Помпео.

Помпео се заблагодари за поддршката на Македонија за мисиите на НАТО и како што вели тој, „посветеноста на Северна Македонија покажува дека ќе биде добра сојузничка за САД“.

– Би сакал да го поздравам историскиот Преспански договор, како и спогодбата за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија – рече американскиот државен секретар.

– Претседателот Трамп во Обединетите нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, коишто ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. САД ќе продолжат да бидат партнер со вас за доброто на вашите граѓани, за регионот и за светот“, рече Помпео, додавајќи државата да внимава од руско и кинеско влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот