Помпео: Асанж ќе им биде испорачан на САД

Фото: EPA/STRINGER

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази уверување дека Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е обвинет за шпионажа, и покрај тоа што за тоа дело може да добие смртна казна.

-Ние веќе поднесовме барање, така што тој ќе им биде испорачан на САД, изјави Помпео за еквадорскиот весник „Ел Универсо”, во текот на посетата на оваа земја.

Помпео не сакаше да го коментира случајот, но додаде дека американската администрација верува дека човекот, кој, како што кажа, светот го изложи на опасност и ги загрози животите на американските војници, мора да биде изведен пред суд и казнет.

Сослушувањето за евентуалното испорачување на Асанж на САД  ќе биде оддржано во Лондон кон крајот на февруари следната годиниа.

Американското правосудство ја дозволува смртната казна за злосторствата меѓу кои се наоѓа и шпионажата.

Асанж во моментов во Лонодн ја отслужува казната од 50 недели затвор заради прекршување на условите на кауцијата, откако седум години мина во еквадорската амбасада во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска каде требаше да биде распрашан за наводно силување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот