Помпео: Асанж ќе им биде испорачан на САД

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази уверување дека Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е обвинет за шпионажа, и покрај тоа што за тоа дело може да добие смртна казна.

-Ние веќе поднесовме барање, така што тој ќе им биде испорачан на САД, изјави Помпео за еквадорскиот весник „Ел Универсо”, во текот на посетата на оваа земја.

Помпео не сакаше да го коментира случајот, но додаде дека американската администрација верува дека човекот, кој, како што кажа, светот го изложи на опасност и ги загрози животите на американските војници, мора да биде изведен пред суд и казнет.

Сослушувањето за евентуалното испорачување на Асанж на САД  ќе биде оддржано во Лондон кон крајот на февруари следната годиниа.

Прочитајте и...  Трамп или Бајден, кој ќе биде следниот претседател на САД?

Американското правосудство ја дозволува смртната казна за злосторствата меѓу кои се наоѓа и шпионажата.

Асанж во моментов во Лонодн ја отслужува казната од 50 недели затвор заради прекршување на условите на кауцијата, откако седум години мина во еквадорската амбасада во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска каде требаше да биде распрашан за наводно силување.

Прочитај повеќе

Речиси 20 милиони заразени од коронавирус во светот, оздравени близу 13 милиони

Слободен печат

Во Грција регистрирани 203 нови случаи на Ковид-19

МИА Агенција

Хорот во Нигер: Шестмина француски туристи убиени во напад

Слободен печат

Во Македонска Каменица се намалува бројот на позитивни пациенти на Ковид-19

Слободен печат

Поплавата во Велес остави пустош: Во Превалец урнати куќи, оштетени улици и затната канализација

Слободен печат

Во Саудиска Арабија трета фаза од испитувањето на кинеската вакцина против Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Убиен тинејџер (17) и 20 повредени при пукање на собир во Вашингтон (ВИДЕО)

Слободен печат

Албанија: Расте број на новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

Слободен печат

Во Кичево седум новозаразени и седум оздравени од коронавирус

Слободен печат

Борис Џонсон порача: Британските училишта мора да се отворат во септември

Слободен печат

Парична помош за семејството на настраданиот во невремето во Велес, потрагата запрена

Слободен печат

Во страотна автобуска несреќа во Унгарија еден загинат и 34 повредени (ФОТО)

Слободен печат