Помпео: Ако Мадуро не ги пушти, ние ќе ги вратиме двајцата заробени Американци во Венецуела

Мадуро соопшти дека се фатени 13 платеници, кои имале намера да извршат преврат во републиката.

САД ќе ја употребат секоја можност за да ги ослободат двајцата Американци, за кои се тврди дека се упасени при неуспешниот обид за државен удар во Венецуела, изјави државниот секретар Мајк Помпео.

-Доколку режимот на Мадуро одлучи да ги задржи, ќе го искористиме секој инструмент што го имаме на располагање за да се обидеме да ги вратиме, рече Помпео пред новинарите.

Тој го повтори демантот на претседателот Доналд Трамп за учеството на неговата земја во настанот, додавајќи дека „доколку ние учествувавме нештата ќе се развиваа на поинаков начин”.

Венецуелските власти на 3 мај јавија дека успеале да спречат упад на група платеници од Колумбија, кои сакале да извршат преврат во Боливарската република.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во телевизиско обраќање соопшти дека се фатени 13 платеници, кои имале намера да извршат преврат во републиката. Меѓу нив имало и членови на американските безбедносни служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот