Помошникот на кралицата Елизабета заразен со коронавирус – „Сите сме престрашени“

инстаграм

Кралскиот дворец стравува за животот и здравјето на кралицата Елизабета…

Откако од кралскиот дворец беше објавено дека со коронавирусот е заразен британскиот принц Чарлс, одекна веста дека е заразен и помошникот на кралицата чие име се уште не е објавено.

Не е познато дали помошникот бил во контакт со кралицата откако се заразил со вирусот, но тие биле многу блиски.

Освен што ја послужувал со храна и пијалоци, тој ги шетал и нејзините кучиња, ги пречекувал гостите и ги читал писмата.

„Сите сме престрашени. Се плашиме за кралицата. Страшно е да помислиме колку пати таа можеби била во контакт со помошникот не знаејќи дека тој има коронавирус“, изјави изворот за „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот