Помош од 66 милиони евра за Македонија да се справи со кризата предизвика од коронавирусот

За справување со последиците од кризата со КОВИД 19 велат од Делегацијата на ЕУ, Унијата обезбедени се 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи со фискалните последици.

Делегацијата на Европската унија во државава вели дека генераторите, шаторите, ќебињата, душеците…што вчера беа најавени како поддршка за земјава се обезбедени преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија од каде била побарана помош. За справување со последиците од кризата со КОВИД 19 велат од Делегацијата на ЕУ, Унијата обезбедени се 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи со фискалните последици. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре. 

Поради недоразбирањата кои се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со КОВИД 19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуцијата на донацијата од 66 милиони евра, објавена пред неколку недели. Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена утре, три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен, а 40 милиони евра – фондови, исто така, за поддршка на мали и средни претпријатија, но и активни мерки за вработување, за што, како што посочуваат од ЕУ се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина, се вели во соопштението од делегацијата на ЕУ во земјава.

Покрај оваа донација, Делегацијата на ЕУ заедно со вклучените партнери е во процес на подготовка на можно пренасочување на фондовите од тековни проекти кон итни и мерки за заздравување поврзани со КОВИД 19 кризата. ЕУ активира различни механизми за натамошна помош и поддршка на Република Северна Македонија за справување со коромавирус кризата

-Вчера Европската комисија му предложи на Советот на Унијата и на Европскиот парламент да обезбеди 160 милиони евра за макро финансиска помош за буџетот на земјата во форма на заеми за да може да менаџираат со фискалните послеици од кризата. Северна Македонија има право да биде поврзана со Европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и системот за брза сигнализација на ЕУ за заразни болести. Европската унија е во процес на ослободување на извозот на медицинска опрема во земјите на Западен Балка, вклучително и Северна Македонија, се вели во соопштението.

Како земја партнер, додаваат од Делегацијата на ЕУ, Северна Македонија можеше да побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што резултираше со испорака на генератори, шатори, ќебиња, душеци и комплети за хигиена. Покрај помошта од ЕУ, земјата исто така добива и билатерална помош од земји членки на унијата

-Европската унија и нејзините земји членки се насилниот сојузник и партнер на Северна Македонија во оваа криза. Ние ќе продолжиме да покажуваме солидарност и поддршка во справување со овој заеднички предизвик, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот