Помош ќе има и за Сирија, МНР е во комуникација со колегите и се утврдува што е потребно

Земјотрес во Сирија/ Фото EPA-EFE/REFIK TEKIN

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека државава ќе испрати помош и за Сирија по разорниот земјотрес со којшто беа зафатени со Турција, а за која Владата вчера на итна седница веќе донесе одлука да испрати помош.

-Нашето Министерство за надворешни работи веќе комуницира и со колегите од Сирија за да видиме што можеме и таму да испратиме како помош, кои се нивните потреби. Штом ќе можеме да идентификуваме кои би биле потребите, согласно нашите можности, тогаш се разбира дека и Сирија е држава која ќе биде помогната од наша страна, рече Ковачевски, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Посочувајќи дека Владата вчера донесе одлука за испраќање парична помош за Турција, како и војници кои ќе учествуваат во расчистување и пронаоѓање на луѓе заробени во урнатините најави дека ќе бидат испратени и дополнителни професионалци од институциите задолжени за справување со кризи. -Дваесет и двајца војници веќе се на пат со сета потребна опрема и возила. И Министерството за здравство веќе ги комплетира потребите кои може да се испратат, рече Ковачевски.

Ние, посочи, најдобро знаеме што е солидарност, а за тоа сведочат голем број улици што носат имиња на главни градови на држави кои помогнале на Скопје и целата држава после катастрофалниот земјотрес.

Со одлуката на Владата, како помош за Турција се испраќаат 24 припадници на Дваесет Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

Скопјани масовно донираат на пунктот на градскиот плоштад за населението погодено од земјотресите

Максути: Спасувачки тимови се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот