Поморска вежба што го вознемири светот: Руски и кинески воени бродови кружат околу Јапонија, аналитичарите предупредуваат

Група поморски бродови од Русија и Кина спроведуваат заедничка поморска воена патрола во водите на Тихиот Океан, се гледа на фотографијата преземена од видео објавено на 23 октомври 2021 година / Фото: Руско министерство за одбрана / Принтксрин / Ројтерс

Заедничката кинеска и руска поморска вежба, во која флота од 10 воени бродови кружеше околу главниот јапонски остров, двете земји ја претставија како средство за обезбедување стабилност во нестабилниот регион.

Аналитичарите, пак, сметаат дека вежбите најверојатно ќе имаат спротивен ефект, односно дека потенцијално повторно ќе ги разгорат регионалните тензии и ќе им дадат важност на тврдењата на јапонската влада дека треба да ги зголеми воените трошоци за да се спротивстави на кинеската агресија.

ФОТО: Принтскрин

Поморскиот маневар на двете морнарици беше најавен како прва заедничка кинеско-руска поморска патрола во западниот дел на Пацификот. Бродовите поминаа низ морето Кугару, кое го дели главниот јапонски остров и неговиот северен остров Хокаидо, пред да се упатат преку источниот брег на Јапонија, а потоа назад кон кинеското крајбрежје.

Иако на странските бродови им е дозволено да пловат низ теснецот Осуми и Кугару, кои се сметаат за меѓународни води, маневрите беа внимателно следени во Јапонија и нејзината морнарица.

„Ова ќе ги зајакне тврдењата на Јапонија дека Кина претставува потенцијална закана, поради што тие мора да ги зголемат сопствените трошоци за одбрана и подготвеноста да се справат со тоа“, соопштија од американското Министерство за одбрана, пренесе Си-Ен-Ен.

Јапонското Министерство за одбрана ги опиша вежбите, кои траеја минатата недела, како „невообичаени“.

Кинеско-руската флотила се состоеше од пет воени бродови од секоја земја, со бродови од класата Разурнувач како и од класата Фрегата, Корвета и помошни борбени бродови.

Кинеската армија објави дека двете морнарици се распоредени во Источното Кинеско Море каде што спроведуваат „Заедничка вежба и заедничкото крстарење за унапредување на кинеско-руското стратешко партнерство за новата ера и ефективно ги подобрија можностите за заеднички операции, што доведе до заедничко одржување на меѓународната и регионалната стратешка стабилност“, соопшти Пекинг.

Фото: EPA/JEROME FAVRE

Руското Министерство за одбрана објави дека целта на заедничката патрола е „да се демонстрираат државните знамиња на Русија и Кина, да се одржат мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, како и да се заштитат капацитетите за поморска економска активност на двете земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот