Поморска несреќа во Јапонија: Потона товарен брод со 43 лица и 5.800 грла крави

Фото: wikimapia.org

Товарен брод со екипаж од 43 лица, кој превезувал 5.800 грла крави, потона во силно невреме на 185 километри западно од јапонскиот остров Амами Ошима.

– Крајбрежната стража пронајде преживеан маж, кој е идентификуван како 45 годишен филипински главен офицер. Тој изјави дека еден од моторите на бродот запрел, по што бран го превртел бродот, кој подоцна потонал, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Подоцна бил забележан гумен чамец во областа каде се трага по преживеаните, но крајбрежната стража соопшти дека не е потврдено дали е поврзан со бродот.

Во акцијата за пребарување и спасување учествувале три брода на крајбрежната стража, пет авиони и специјално обучени нуркачи.

Бродот превезувал екипаж од 39 Филипинци, двајца од Нов Зеланд и двајца Австралијци, како и 5.800 грла крави. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот