Поморот на рибите во Вардар е од солна киселина и железо кои истекоа од „АрцелорМиттал“

фото: Драган Митрески /Слободен печат

Резулатите од мострите земени од реката Вардар покажаа дека се работи за големо загадување со железо и киселина која се користи во индустријата, велат од „Водовод и канализација“ Скопје во чија лабораторија се вршеше испитувањето, за Слободен печат потврдуваат од лабораторија на водоводот. Во Вардар на потегот каде што се наоѓа фабриката „АрцелорМиттал“, се излеале неколку тони железо и киселина без соодветно третирање на отпадните води, поради дефект од пукната када од погонот за челични  лимови.

„Донесениот воден примерок по анализа на физичко-хемиски параметри покрај зголемено присуство на обоен суспендирана материја има зголемена концентрација на хемиска потреба за кислород, железо, хлориди, нитрати, електролитска спроводливост, во споредба со земениот примерок од река Вардар пред индустрискиот испуст“, се вели во резулатите од лабораторијата на ЈП Водовод и канализација.

Дефектот бил пријавен со задоцнување, а не како што е законска обврска истиот ден кога настанал. Пропуст е направен и поради тоа што не е испочитувана законската обврска отпадната вода да се прочисти пред да се испушти во Вардар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот