ПОМИНАЛ 27 ГОДИНИ ЗАД РЕШЕТКИ ЗА УБИСТВО КОЕ НЕ ГО НАПРАВИЛ: Сега за секоја година помината во затвор добива по милион долари

Фото: Принтскрин/ CBS Evening News

Марк Шанд Хартфорд од американската сојузна држава Масачусец кој сега има 55 години, бил осуден на доживотна казна затвор без можност за помилување поради убиството на Викторија Сејмор во 1986 година, објави „Информер“.

Жртвата, инаку мајка на три деца, застрелана е на улица по недоразбирање на дилери на дрога. Меѓу дилерите биле браќата Стокс.

Полицајците во родниот град на Марк го идентификувале него како локален криминалец и ја приложиле неговата фотографија со неколку други личности на детективите од Спрингфилд, за да им помогнат при идентификацијата на убиецот.

Три недели подоцна, сведок рекол на надлежните дека „50 отсто е сигурен“ дека Шанд пукал. Браќата Стокс го идентификувале Шанд како човекот кој пукал, а тоа го потврдиле и на судењето.

Непрофитна организација која работи со случаи за луѓе кои се сомнева дека се погрешно осудени, го преземала неговиот случај во 2010 година, 23 години откако е осуден.

Тие пронашле нови сведоци, лажни сведочења и кршења на законот кои го извршиле сега пензионирани полицајци.

Исто така пронашле и сведок кој го потврдил алибито на Марк дека бил неколку километри оддалечен од местото каде што се случило убиството. Во 2013 година било повторено судењето, а судијата одлучил Марк да биде пуштен од затвор во октомври истата година.

Во замена за „кражбата“ на речиси три децении од неговиот живот, државата на почетокот прифатила да плати 450.000 долари. Официјалните лица никогаш не морале да се извинат или да признаат дека направиле грешка.

Шанд во 2015 година го тужел градот Спригфилд поради постапките на нивни офицери поради кои лажно е идентификуван како убиец.

Така судот пресуди дека ќе му исплати по милион долари за скоеја година мината во затвор – вкупно 27 милиони американски долари. Тоа, сепак, според зборовите на Марк, не е најубавата вест, туку фактот што неговата сопруга Миа цело време го чекала и се борела вистината да победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот