ПОМИНАА 28 ГОДИНИ: Дарко Панчев..Црвена Звезда е шампион на Европа! (ВИДЕО)

Принтскрин

Најголемиот фудбалски успех во историјата на екс ју просторите се случи пред точно 28 години благодарение на Црвена Звезда и Панчев.

На стадионот во Бари, Италија на 29 мај 1991 година „црвено-белите“ во големото финале ја совлада екипата на Олимпик Марсеј.

Откако во регуларниот дел немаше голови, сите дилеми околу победникот беа решени после изведувањето на пеналите.

Најголемиот херој на Црвена Звезда во пенал-серијата беше легендарната „Кобра“.

Покрај Панчев, „златната“ генерација ја сочинуваа уште Илија Најдоски, Стеван Дика Стојановиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Слободан Маровиќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Драгиша Биниќ Владимир Југовиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савичевиќ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот