Поминаа 26 години од смртта на Гидра! Цела Југославија се смееше на неговите шеги, а тој имал тажна животна приказна! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Драгомир Бојаниќ или познат на многумина како Гидра, умре на денешен ден пред 26 години, а многумна и понатаму се сеќаваат на неговите духовити реплики во бројните филмски остварувања.

Актерот е роден на 13 јуни во 1933 година во Крагуевац. Имал многу тешко детствто, бидејќи во втората светска војна останал сирак. Неговата мајка Новка починала од туберкулоза додека тој бил мало дете, но тоа не било крај на трагедијата за семејството Бојаниќ.

Фото: Принтскрин

Кога Гидра имал неполни 10 години, неговиот татко Јован – Јоца, официр во српската војска го стрелале во 1943 година за време на втората светска војна.

Гидра завршил средно школо за обработка на месо, овошје и зеленчук или училиште за „конзервирање“, како што тој на шега го нарекувал.

Неговиот талент не можел да помине незабележано, па почнал да игра во аматерски театар, а на студиите во класата на Раша Плавовиќ се запишал неколку години подоцна во Белград .Филмската кариера ја започнал со епизодна улога во филмот на Жика Митровиќ, „Ешалон на доктор М.“ од 1955 година.

Главна и споредна улога ја имал во повеќе од триесет домашни филмови, а исто така снимал и во Италија. Под псевдонимот Ентони Гидра, Драгомир Бојаниќ во шеесетите се појавил во 10 вестерн филмови, а за улогата „Балада за револверот“ на режисерот А. Калтибијан, добил и награда (1967).

Сепак, најголемата популарност ја стекнал со улогата на Жика Павловиќ, која ја играл од 1978 до 1992 година во серијата „Жикина династија“.

Фото: Принтскрин

– Би снимал денеска уште 20 Жикини династии. Меѓутоа, Гидра не може никој да го замени – рекол неодамна Зоран Чалиќ – авторот на Жикина династија.

На студиите по глума, во својата класа ја запознал и две години повозрасната Лилјана Контиќ, со која од тогаш бил во врска. Се венчаа во 1966 година, а четири години подоцна ја добија ќерката Јелена. Лилјана и Гидра честопати имаа несогласувања, но на крајот секогаш се враќаа еден на друг.

– Не верував дека можам да бидам толку успешен. Кога бев млад, не можев ни да претпоставам дека еден ќе бидам така врзан за семејството – им зборувал Драгомир Бојаниќ Гидра на колегите и пријателите.

Иако обожаван од народот, делува дека тој денес е малку подзаборавен, бидејќи ниедна улица, ниту престижна актерска награда не го носи неговото име.

Тој е погребан во Алејата на великаните во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот