Поминаа 10 дена од претседателската кампања – Кој потрошил најмногу?

Поминаа првите 10 дена од претседателската кампања, а почнаа да излегуваат и првичните информации за тоа кој колку потрошил досега.

Во официјалната објава на ДИК нема информации за тоа колку потрошила кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Од друга страна, пишува дека Пендаровски во првите 10 дена од кампањата потрошил 480 илјади евра, додека Блерим река потрошил 25 илјади евра.

Во ДИК тврдат дека сите законски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за да достават извештај за првите 10 дена на 11-от ден од кампањата. До понеделник, ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите.

На овие избори за прв пат државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите.  Во кампањата, претседателските кандидати имаат право да потрошат максимум 110 денари по запишан избирач, односно, секој кандидат по речиси 3,3 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот