Помина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга

Сателитска снимка објавена од Метеоролошките служби на Тонга, покажува експлозивна ерупција на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи, кој се наоѓа во јужниот пацифички кралство Тонга, Фото: EPA-EFE/TONGA METEOROLOGICAL SERVICES HANDOUT

Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна” штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) во 4 часот по средноевропско време соопшти дека заканата од цунами „главно помина” во океанските земји, иако мали промени во нивото на морето се можни уште неколку часа.

-Цунамито имаше значително влијание врз северниот брег на Нуку’алофа, аде што чамци и големи камења беа фрлени на брегот, но нема информации за жртви, рече Ардерн, без да каже дали другите острови во архипелагот се оштетени.

Нов Зеланд во понеделник ќе испрати воен извидувачки авион да прелета над погодената област, доколку облакот од вулканска пепел го дозволи тоа.

Комуникацијата со Тонга е прекината откако ерупцијата во саботата го оштети подморскиот кабел, но премиерката Ардерн кажа дека нејзината влада контактирала со Високиот комесаријат на Нов Зеланд во главниот град на архипелагот.

Новозеландската премиерка додаде дека „во моментов нема позначајна ерупција” и дека пепелта престанала да паѓа, но не може да се исклучи натамошна вулканска активност.

Во меѓувреме, САД соопштија дека се „подготвени да испратат помош за своите пацифички соседи”.

Вселенската снимка го покажа времето на ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи во петокот на еден од ненаселените острови во архипелагот Тонга. Тој предизвика цунами што го зафати брегот на Тихиот Океан од Јапонија до САД и до Перу.

 

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот