Помилуван поранешен градоначалник на Техеран кој бил осуден на смртна казна

Поранешниот градоначалник на Техеран Али Наџафи, кој е осуден на смртна казна поради усиство на својата сопруга, сепак нема да биде егзекутиран.

Наџафи (67) на 30 јули беше осуден на смртна казна, бидејќи кон крајот на мај со огнено оружје ја уби својата втора сопруга, 30 години помладата Митра Остад.

Согласно иранскиот закон „кесас”(закон на одмазда), семејството на жртвата може да побара смртна казна, како што стори семејството на убиената Митра.

Но братот на покојната денеска соопшти дека неговото семејство одлучило да го повлече барањето со цел Наџафи да биде помилуван.

Поранешниот градоначалник на Техеран сепак останува во затвор, бидејќи е осуден на двегодишна казна поради поседување огнено оружје.

Засега не е познато дали смртната казна ќе биде преиначена во доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот