Помфрит без компир (РЕЦЕПТ)

Со ваков специјалитет нема да ви биде потребно главно јадење. Со овој рецепт ќе ги воодушевите сите оние кои мислат дека на доброто  парче месо нешто му недостасува ако не е послужено со комипири.

За помфритот, кој всушност не е тоа, потребно е:

4 филџани млеко

1,5 филџан палента

2 лажици маргарин

70гр. козјо сирење

мала лажичка сол

малку бибер

3 лажици масло

Подготовка:

  1. На средно силен оган загрејте го млекото и мешајте.
  2. Полека истурајте ја палентата и мешајте додека не добиете соединета смеса. Намалете го оганот и мешајте околу 5 минути.
  3. Додадете го сирењето и маргаринот, како и биберот и солта.
  4. Мешајте се додека сите грутчиња ги снема, а потоа истурете ја смесата во плиток сад кој претходно сте го намачкале со маргарин или сте ставиле хартија за печење.
  5. Рамномерно распоредете ја смесата и оставете ја да стои околу 20 минути, па ставете ја во фрижидер на еден час.
  6. Извадете ја палентата од фрижидерот и превртете ја на чиста работна површина или даска за сечење. Исечете ленти од палентата со димензија приближно на помфрит, но сепак малку подебели.
  7. Загрејте ја тавата со масли и пржете ги лентите од палентата од 2-3 минути на секоја страна.
  8. Кога лентите ќе бидат готови, извадете ги на салфети за да се впие вишокот на маснотии. Послужете со главното јадење или со сос по избор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот