Помен по повод 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот охридски и македонски Доситеј

По повод 40 години од упокојувањето на Архиепископот охридски и македонски Доситеј, денеска во црквата Св. вмч. Димитриј Солунски во Скопје, каде што е неговото вечно почивалиште беше отслужен помен на кој чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и на повеќемина свештеници од МПЦ-ОА.

На поменот присуствуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗ) Даријан Сотировски и деканот на Православниот факултет Свети Климент Охридски проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

Во пригодна беседа г. г. Стефан се осврна на важноста на делото на Архиепископот Доситеј, кој е возобновител на Охридската архиепископија, обединител на македонскиот народ во татковината и ширум светот, човек кој успеал многугенерациската тага на нашиот народ да ја претвори во духовна радост преку автокефалијата на нашата Помесна црква, соопшти КОВЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот