Помалку долари за војни, бизнисот пред политиката – што друго ја очекува Европа со доаѓањето на Доналд Трамп на власт?

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Европа на прво место. Дали Брисел, кој зависи од американските инвестиции и одбрана, кинеската технологија и производи, ќе може да го спроведе панданот на максимата на Доналд Трамп во следните години, депримиран од изборот на новиот станар на Белата куќа?

Многу ќе се промени со реизборот на Трамп. Европејците тоа го почувствуваа во периодот од 2016 до 2020 година и знаат што ги чека. Ќе има помалку пари за војни, бизнисот ќе има предност пред геополитиката, извозот ќе биде ограничен.

Некои аналитичари посочуваат дека дури би било грешка да се потпреме на искуствата од првиот мандат на Трамп. Велат дека ќе биде уште порадикален, сомнителен и одмаздољубив, по начинот на кој ја загуби претходната претседателска трка, пишува Новости. 

Ќе ги третира подеднакво сите континенти, Азија, Африка, Океанија, Европа, ставајќи ги исклучиво американските интереси во преден план.

Практично, тоа значи и стапување во сила на вистинска мала „комерцијална војна“. Целта е да се намали трговскиот дефицит кој изнесува 157 милијарди евра на штета на Американците во односите со ЕУ. Во оваа смисла, Трамп веќе зборува за Стариот континент како „Мала Кина“.

Што се однесува до Кина, минатата година САД од оваа земја увезле стоки во вредност од 427 милијарди долари, а извезле само 148 милијарди долари.

Прашање е колку Трамп ќе успее да го намали дефицитот преку вештачка регулација. Во неговиот минат мандат, и покрај политиката „Америка на прво место“, дефицитот на САД со ЕУ продолжи да расте, од 114 милијарди во 2016 година на 152 милијарди во 2020 година, што е зголемување за цели 33 отсто.

Но, Трамп не се откажува. Тој во предизборната кампања како една од неговите главни мерки најави воведување дополнителни давачки од 10 до 20 отсто за европските производи, што е далеку од дури 60 отсто за кинеските производи, но секако значително ќе го оптоварат европскиот извоз и економијата. Новиот свет ќе го притисне Стариот континент.

– Европејците имаат нож во грлото – резимираше специјалистот за европски прашања Себастиен Мајард од Францускиот институт „Жак Делор“.

Сличен проблем ги чека ЕУ и НАТО кога станува збор за војната во Украина. Понатамошното вооружување на Киев, знаејќи го Трамп, е можно само ако западноевропските престолнини се добро. Па дури и тогаш, Трамп, од негова гледна точка како бизнисмен, ќе ги бара сите начини да дојде до трговија во мир, а не дополнително да го разгорува пламенот на војната. Лесно може да се случи Трамп да преговара за мир со Путин, против Европа и украинските интереси, пишува во анализата.

Треба да се погледне и целиот однос во Северноатлантската алијанса. Трансатлантската врска ќе биде значително ослабена. Трамп, се разбира, нема да ги повлече САД од НАТО, но за очекување е да направи ревизија во која членот 5 за автоматска помош на другите членки нема да биде „свето писмо“. Позната е неговата изјава против таквата политика, каде како алегорија ги искористи „јаките Црногорци кои умеат да бидат агресивни, а – еве сме во Трета светска војна“.

Што значи ваквиот став на Трамп ако војната од Украина се прошири на балтичките земји, Молдавија или некоја трета територија на Стариот континент?

Како одговор на изолационистичката политика на Трамп, ЕУ повикува на сопствена стратешка автономија. Но, како да се стигне до таму? Членовите често се како рогови во вреќа, во зависност од геополитичките и економските интереси. Недостигаат суровини и работна сила. Тие ја префрлија технологијата преку глобализацијата во Третиот свет, кој сега им се враќа како бумеранг. Да не зборуваме за проширувањето на индустријата за електрични автомобили. За се е потребна одлука, но и време.

Кога станува збор за планот Б во однос на доаѓањето на Трамп, тој практично не постои во оперативна смисла во Европа. Останува се да се реши во лет. Кога станува збор за НАТО, барем доволно е направено за да се дистрибуира раководството на Кризната група за Украина на сите членки и до одреден степен однапред да се обезбедат средства кои не се ни оддалеку доволни за да се води посериозна војна со Русија на долг период.

Сето ова, секако, ќе биде причина за натамошни поделби во ЕУ, штом односите меѓу Брисел и Вашингтон дополнително се заострат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот