Помалите партии му пишаа на Џафери: Инсистираме во најбрз рок да има седница за изборниот модел

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Помалите коалициски партнери во власта преку писмен допис бараат претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница за измените на Изборниот законик во делот на изборниот модел.

Во писмото до Џафери пратениците го потсетуваат претседателот на Собранието дека на 5 март лани, до парламентот доставиле предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот законик. Тие велат дека предлог законот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18 мај 2021 година како 58 точка, но дека се уште не е почната расправата за измените.

-Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по предлог законот. Инаку, со промените се предлага република Северна Македонија да биде една изборна единица со пропорционален изборен модел и без праг, се вели во писмото кое пратениците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Бејџан Иљас, Боби Мојсоски, Љупчо Блаковски и Моника Зајкова го испратиле до Џафери.

Трајанов: До сабота помалите партии ќе излеземе со усогласен став дали ќе ја поддржиме владата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот