Полудеа цените на тоалетната хартија

Тоалетна хартија, Фото: Слободен печат

Драстичен скок на цената на целулозата, амбалажата, транспортот, струјата и гасот, се влезните компоненти што значително ги зголемија цените на тоалетната хартија

Цените растат речиси на сите производи, но она што деновиве паѓа во очи е енормниот скок на цената на тоалетната хартија. Пакетите со по 10 трислојни тоалетни хартии кои до неодамна беа 180 денари, а кои можеа да се најдат на акција и по 110 денари, веќе се продаваат по 260 денари. Четирислојната хартија во пакет од 10 ролни надмина 300 денари, ролна хартија за бришење раце од 50 денари „скокна“ на 80 денари…

За 20-ина проценти се зголемени цените и на хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените.

Тоалетна хартија, Фото: Слободен печат

Во хрватските медиуми, од групацијата за хигиенски производи „Виолета“ го најавиле поскапувањето, изјавувајќи дека од 8 мај ќе ги коригираат цените за 10 до 15 проценти, а најмногу корекција ќе има кај тоалетната хартија и кај хартиените крпи. Овој бренд е широко застапен и во Македонија преку фирмата ќерка „Тета Виолета“.

Од хрватската „Делт пејпер“ изјавија дека од август минатата година ги покачиле цените за речиси 45 проценти.

– Причина е поскапувањето на суровините – целулозата, чија просечна цена од 900 евра за тон е зголемена на 1.500 евра. Материјалите за пакување, особено картонските фолии и кутии, како и логистиката, значително поскапеа – рече Крунослав Кишак, сосопственик и директор на оваа компанија.

Тоалетна хартија, Фото: Слободен печат

Тој објасни и дека таканареченото „целулозно готвење“ бара големо количество енергија. Состојбата и со цените на гасот и со цените на струјата се веќе добро познати и тие предизвикаа раст на сите други цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот