Полубратот на Меган Маркл на работ на егзистенција: Останав без куќа, за малку ќе морав и да просам…

profimedia

Требаше да биде похумана кон нас, вели полубратот на Меган.

Томас Маркл Џуниор (53) полубратот на Меган Маркл (38) тврди дека останал без покрив над глава, без работа и без многу пријателства поради своето презиме, пишува Дејли Мејл. Тој вели дека презимето многу му отежнува да најде работа.

– Тоа што сум во род со Меган речиси ме уништи, изјави Томас, кој морал да се пресели кај мајка му во Ново Mексико бидејќи повеќе немал каде да живее.

– Бездомник сум и за малку не завршив под мост со натпис на картонот, просејќи за пари. Тоа што се наоѓа на кралскиот пиадестал и гледа што се случува со нејзиното семејство…Требаше да биде похумана кон нас – вели полубратот на Меган.

Томас не ја поддржува одлуката на Меган да се пресели во Канада, но вели дека на крајот се се сведува на „двајца заљубени кои сакаат да си го живеат животот“.

– Мислам дека кралската титула е едно од најголемите можни достигнувања во текот на животот, вели Томас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот