Полско крило го засилува Вардар!?

Фото: РК ВАРДАР

Вардар е активен на ракометниот „пазар“ со цел максимално биде подготвен за новата сезона во Лигата на шампионите.

Станува збор за Аркадиуш Морито, полско десно крило кое до сега ги бранеше боите на Виве Келце.

Морито пред да се пресели во Келце, беше дел од помалку звучните екипи Гдањск и Заглебје Лубин, а за полската репрезентација има 43 настапи и 179 голови.

Фото: Tomasz Fafara

Моментно тренерот Писонеро на оваа позиција ги има на располагање Мартин Поповски, Иван Чупиќ и Данил Шишкарев.

Претходно „црвено-црните“ ги ангажираа летонскиот голман Кугис, руските репрезентативци Горпишин и Атман.

Воедно Скубе и Гедбан ги продолжија своите договори со клубот, а се шпекулира и доаѓањето на бразилскиот пивот од Висла, Хозе Толедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот