Полските хулигани го одложија кошаркарското финале

Финалето на кошаркарскиот шампионат помеѓу МЗТ Скопје и Работнички наместо во петок ќе започне во сабота. Причината за одложувањето се полските хулигани кои утре треба да допатуваат во Скопје за да ја бодрат нивната репрезентација во квалификациите за ЕП 2020.
Министерството за внатрешни работи на денешниот состанок со финалистите, препорача, а претставниците на МЗТ Скопје и Работнички прифатија финалната серија да започне еден ден подоцна.

Бидејќи е најавено доаѓање на најмалку 1.500 полски навивачи кои ги бие лош глас низ Европа поради честите инциденти кои ги прават навивачите, МВР сака да избегне евентуален судир со македонските навивачки групи но и да се фокусира на „контролирањето“ на гостинските хулигани и за таа цел ќе ангажира дополнителни полициски сили.

Финалната серија која се игра до три победи, започнува во сабота, првиот натпревар се игра во СЦ „Јане Сандански“, додека вториот натпревар е закажан за вторник (11 јуни). Евентуалната мајсторка би се играла на 18 јуни, а домаќин би бил МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот