Полскиот шампион Јагиелонија би можел да го ангажира Дарко Чурлинов

фото: принтскрин/instagram.com/s04

Според полските медиуми, тамошниот фудбалски шампион Јагиелонија наскоро би можел да го доведе на позајмица македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Чурлинов е член на Барнли од летото 2022 кога во Англија дојде од Штутгарт. Во втората половина од минатата сезона беше позајмен на Шалке 04. Тој забележа 10 настапи во втората Бундеслига. Не запиша настап во Премиер лигата, од која Барнли испадна на крајот од сезоната.

24-годишен играч од средниот ред кој може да игра на речиси секоја позиција во нападот, особено на крилните позиции.

Јагиелонија веќе постигна договор со играчот кој сака да дојде во Полска. Сепак, разговорите со Барнли и натаму се во тек околу условите да биде позајмен нашиот играч.

„Трансфермаркт“ го проценува Чурлинов на 1,5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот