Полскиот претседател сними рап песна за помош на медицинските лица (ВИДЕО)

Полскиот претседател Анджеј Дуда се приклучи на иницијативата за собирање средства за медицинските работници кои се борат со коронавирусот, снимајќи рап песна чие видео е објавено на Интернет.

Дуда неодамна учествуваше во предизвикот „Hot16challenge” што го почнаа полските рапери, што се состои од пишување и снимање на 16 раперски стихови за ритам, според нивниот избор, и со уплата на пари за помош на медицинските работници кои се борат против коронавирусот.

Полскиот претседател, кој е вклчучен во трката за освојување на втор мандат, не сакаше да открие кој е авторот на стиховите што ги избра, пренесува Хина.

Дуда, меѓудругите, за продложување на предизвикот го номинираше премиерот Матеуш Моравјецки.

Во иницијативата, во која учествуваа неколку уметници, досега се собрани повеќе од 220.000 евра.

Видеото на претседателот, што беше објавено во понеделникот вечерта, до вчера на пладне го видоа речиси 3,5 милиони лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот