Полскиот премиер ги повика западните лидери да го посетат Киев

Матеуш Моравјецки, премиер на Полска/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на земјите од Европската унија, САД и Велика Британија да го посетат главниот град на Украина за да покажат солидарност, пренесува ДПА.

Во изјава за денешното издание на германскиот таблоид „Билд”, тој им порача на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и другите лидери да отпатуваат во Киев, да погледнат во очите на жените и децата таму и да им помогнат да ги спасат нивните животи и нивната независност.

Тој рече дека Украинците се борат за вредностите на Европа и западниот свет.

Киев е редовно гранатиран откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, потсетува ДПА.

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија во вторникот отпатуваа за Киев со воз и се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот