Полскиот премиер ги обвини Русија и Белорусија за хакирање

Матеуш Моравјецки
Матеуш Моравјецки / Фото: EPA-EFE/Tomasz Waszczuk

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска ги обвини руските и белоруските тајни служби за хакерски напад врз државните системи и објавување на изменети електронски пораки, кои наводно покажуваат врски меѓу владата и судството.

Моравјецки објавувањето на мејловите го нарече „провокација“ со цел да се создаде раздор во Полска, поради поддршката на Варшава за Украина во војната со Русија.

Во мејловите од 2019 година, кои протекоа во јавноста во понеделникот, неговиот главен советник Михал Дворчик го информира Моравјецки дека разговарал за одредени судски случаи со „претседателката“ Јулија П. и дека тие се суспендирани.

Се шпекулира дека „претседател“ е всушност Јулија Прилебска, претседателка на Уставниот суд на Полска. Таа изјави дека „никогаш не разговарала за пресудите на Уставниот суд со никого, освен со други судии”.

Полскиот печат веќе неколку месеци пишуваше за наводната преписка меѓу Моравјецки и Дворчик. Полската влада ја негира автентичноста на преписката, иако некои од споменатите во неа рекоа дека е автентична.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот