Полскиот министер за финансии поднесе оставка, Моравјецки ќе ја извршува функцијата додека се најде наследник

Матеуш Моравјецки / Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Полскиот министер за финансии Тадеуш Кошински поднесе оставка, изјави денеска портпаролот на владејачката Партија на правото и правдата (ПиС) по спорот околу даночната реформа.

Полскиот договор, постигнат во јануари, беше реформа насочена во корист на сите Полјаци, освен оние кои заработуваат најмногу, а тоа предизвика бес откако некои луѓе со пониски приходи, како што се наставниците, добија намалувања на платите наместо зголемување, објави Ројтерс.

Новите правила се нејасни дури и за даночните експерти, велат критичарите.

„Министерот прифаќа политичка одговорност за одредени пропусти што се појавија во примената на новите даночни правила“, рече на прес-конференција портпаролката на ПиС, Анита Червинска.

„До изборот на нов кандидат, оваа функција ќе ја врши премиерот Матеуш Моравјецки“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот