Полскиот министер за здравство со предупредување до нацијата: Можна е ескалација на пандемијата

Фото: se.pl

Дневниот број на заразени со ковид-19 во Полска во наредните две недели би можел да надмине 2.000 луѓе, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Ниедзјелски.

Тој додаде дека мора да се очекува ескалација на пандемијата и оти во наредните 14 дена може да се очекува над 1.500, па дури и над 2.000 новозаболени надневно ниво.

Во Полска е забележан рекорден број од 1.967 инфицирани лица во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се искачи на 93.481, а од последици од новиот коронавирус починаа 2.543 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот