Полската влада попушта пред демонстрантите

Фото: EPA-EFE/TOMASZ GZELL POLAND OUT

Полската влада ќе го одложи објавувањето и спроведувањето на пресудата на високиот суд за заострување на законот за абортус, што предизвика протести кои траат веќе две недели.

Владин претставник рече дека на лидерите им треба време да разговараат за спорната пресуда и да најдат решение.

– Дискусиите се во тек и би било добро да одвоите малку време за дијалог и изнаоѓање нова позиција во оваа ситуација, што е тешко и буди големи емоции – изјави Михал Дворчик, шеф на кабинетот на премиерот Матеуш Моравиецки.

Уставниот суд на 22 октомври донесе одлука дека абортусот во случај на неправилно развиен фетус е кршење на уставот, што всушност дополнително го заострува законот, кој веќе беше еден од најрестриктивните европски закони за намерно прекинување на бременоста.

Пресудата требаше официјално да биде објавена во понеделник, која ќе стапи на сила. Во овие околности, сè додека не се објави, нема правна сила.

Стотици илјади луѓе присуствуваа на масовни антивладини протести од изрекувањето на пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот