Полска започна истрага поради вакцинирање познати преку ред

Полското Министерство за здравство започна истрага откако беше утврдено дека неколку познати личности преку ред примиле вакцина против коронавирусот, а министерот за здравство вели дека е „згрозен” од тоа.

Полска започна со вакцинација на 27 декември, а први на приоритетната листа се здравствените работници.

Меѓутоа, во меѓувреме е откриено дека 18 славни личности, вклучително и неколку актери и поранешниот премиер, ја примиле вакцината во болницата во Варшава преку ред, објави „Гардијан”.

Некои од вакцинираните тврдат дека им била понудена вакцината за подоцна да бидат дел од промотивната кампања за вакцинирање, а повеќето од актерите кои ја примиле дозата се лица во шеесеттите и седумдесеттите години.

Тоа предизвика гнев кај здравствените работници, од кои многумина не се вакцинирани, а министерот за здравство Адам Неџелски рече дека е „згрозен од скандалот”.

Болницата ќе спроведе внатрешна истрага по наредба на Министерството за здравство.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот