Полска сака да ги купи вакцините „Џонсон и Џонсон“ од Данска

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Полска понуди од Данска да ги купи вакцините против ковид-19 од производителот „Џонсон и Џонсон“ во Данска, соопшти денеска Пјотр Мулер, портпарол на полската влада.

Полска го даде предлогот откако Копенхаген се откажа од употребата на вакцините на „Џонсон и Џонсон“ поради загриженост за потенцијална врска со ретки појави на згрутчување на крвта на вакцинираните.

Некои земји од Централна Европа, вклучително и Полска, сакаат да ги засилат своите програми за вакцинирање откако се соочија со доцнење во снабдувањето со вакцини против ковид.

Данска вчера стана првата земја што се откажа од вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Минатиот месец, данските власти се откажаа од употребата на вакцината „Астра-Зенека“ од слични причини.

Полските власти велат дека ризиците од одложување на кампањата за вакцинација се поголеми од ризиците од вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот