Полска подготвена да прими 10 илјади ранети украински војници

Матеуш Моравјецки/ Фото EPA-EFE/Tomasz Gzell

Здравствениот систем на Полска има капацитет да лекува најмалку 10.000 повредени украински војници, изјави во вторникот полскиот премиер, додека Русија започнува нова офанзива во источна Украина, пишува Ројтерс.

Матеуш Моравјецки им рече на новинарите за време на посетата на западниот украински град Лавов дека Полска веќе лекува „неколку десетици“ војници и дека е подготвена да прими уште повеќе.

„Подготвени сме да примиме најмалку 10.000 (војници), доколку е потребно“, рече тој. „Правиме се за да ги примиме и лекуваме сите повредени војници од Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави за Си-Ен-Ен дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници загинале досега во војната со Русија, а уште 10.000 се повредени.

Моравјецки беше во посета на Лавов за да отвори „град со контејнери“ финансиран од Полска, изграден за да обезбеди привремено сместување за 300-350 бегалци во преносливи кабини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот