Полска почнува да гради ограда на границата со Белорусија

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

 Полската погранична стража денеска потпиша договори за изградба на заштитна ограда на границата со Белорусија, од каде минатата година речиси 40.000 мигранти се обидоа да влезат во Полска.

– Граничната стража денеска потпиша три големи договори за изградба на оградата, соопшти заменик министерот за внатрешни работи и администрација на Полска.

Според него, заштитната ограда се очекува да биде завршена кон крајот на јуни.

Оградата ќе биде долга 186 километри, ќе се гради на четири локации истовремено, а ќе има 22 порти кои ќе овозможуваат минување на животни. Планирано е оградата да биде висока пет метри, а современата опрема ќе вклучува и дневни и ноќни камери за надзор и сензори за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот