Полска набави борбени авиони кои не можат да се употребат за борба
Полското Министерство за одбрана купи серија невооружени корејски борбени авиони, кои не можат да се употребуваат за борба, јавуваат светските новински агенции.
Оваа неверојатна вест ја соопшти заменик министерот за одбрана на Полска, Цезари Томчик, како одговор на парламентарната истрага на тема корејски авиони ФА-50.
Според него, Полска користела тактика што ретко се гледа во преговарачкиот процес, а тоа е дека најважното прашање за купување оружје за авиони се преговара по нивното набавување.
Како резултат на тоа, Полска доби 12 борбени авиони за обука на пилоти без борбени способности уште пред една година.
-Ова се можеби првите авиони за обука во светот кои не можат да се употребат во вистинска борба, рече Томчик. Со други зборови, имаме летала за борбена обука кои се за обука, но не и за вистинско војување – додаде заменик-шефот на Министерството за одбрана.
-Министерот за одбрана Блашчак купи авион без оружје, но има уште еден проблем што оружјето за овој авион веќе не се произведува“, изјави полскиот заменик министер за одбрана.