Полска купува 32 хеликоптери од италијански „Леонардо”

Полско знаме/ фото: МИА

Полска денеска потпиша договор за купување на 32 хеликоптери „AW149″ од италијанската компанија „Леонардо”, во вредност од 1,75 милијарда евра, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

-Договорот се однесува на 32 хеликоптери „AW149″, значи две ескадрили, а првите хеликоптери ќе пристигнат во полската армија следната година, рече Блашчак.

Повеќенаменските хеликоптери ќе ги гради леонардовата фабрика во Полска „PZL Swidnik”, а договорот вклучува логистика, обука и пакети со симулатори.

Сите компоненти од договорот ќе бидат испорачани меѓу 2023 и 2029 година, најави компанијата „Леонардо”.

Во екот на војната во Украина, Полска ги модернизира своите вооружени сили, а од следната година нејзината цел е да потроши повеќе од три отсто од БДП за одбрана.

Новите хеликоптери ќе извршуваат мисии кои вклучуваат транспорт на воени сили и воздушна поддршка, а ќе можат да се користат за евакуација на повредени, потрага и спасување во борбени операции и за транспорт на стоки и материјали, се наведува во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот