Полска ја обвини Белорусија за „вооружен прекуграничен упад”

Германско-полска граница/ Фото EPA-EFE/Marcin Bielecki POLAND OUT

Полска ја обвини Белорусија за организирање вооружен прекуграничен упад и информираше дека го повикала на разговор белорускиот вршител на должност за да врачи протестна нота, затоа што смета дека станува зборза намерна ескалација на мигрантската криза на границата.

Варшава воведе вонредна состојба на границата со Белорусија по напливот на мигранти од земји како Авганистан и Ирак кои се обидуваат да влезат во Полска, членка на Европската унија.

Полска граница/ Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia

Полското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека повикало на разговор белоруски дипломат поради „упад на униформирани лица вооружени со долги цевки” на полска територија.

„Заменикот-министер за надворешни работи Пјотр Ваврзик упати нагласен протест… против нарушувањето на полската државна граница, нагласувајќи дека активностите преземени од белоруските власти во последните недели имаат сè поочигледни белези на намерна ескалација”, се вели во соопштението на Министерството.

– Полските војници забележаа тројца униформирани лица со долги цевки на полска територија, изјави портпаролот на полските безбедносни служби Станислав Зарин.

– По средбата со полската патрола, тие повторно го наполнија оружјето и се упатија кон Белорусија, додаде Зарин.

Лекарите ги лекуваат мигрантите на границата на Полска/ Фото EPA-EFE/Artur Reszko POLAND OUT

Инцидентот се случува во време кога Полска, членка на Европската унија, се соочува со значителен миграциски притисок на нејзината источна граница со Белорусија.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи Лукаш Јасина изјави дека инцидентот се случил ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а во Министерството за надворешни работи на Полска вчера бил повикан белорускиот вршител на должноста Александар Чешновски.

Видео на денот