Полска им нуди основна воена обука на своите граѓани

Протест во Полска против руската инвазија
Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Полската војска ќе им понуди основен еднодневен курс за обука на граѓаните од 18 до 65 години, информираше Министерството за одбрана.

Курсот ќе се состои од учење како да се ракува со оружје, како да се пука, ограничување на противници во блиска борба и вештина за читање географски карти.

Ќе се одржува во октомври и ноември, секоја сабота во 17 воени бази. Може да присуствуваат само граѓани на Полска.

Како што пишуваат дел од медиумите, војната во Украина повторно ги стави во фокус долгогодишните планови на земјата, чија цел е да го зголеми бројот на полските војници.

Полската војска сега има 110.000 војници, со дополнителни 30.000 машки и женски лица во рамки на Територијалните одбранбени сили. Владината цел е да се зголемат бројките на 250.000 професионалци и 50.000 припадници на Територијалните одбранбени сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот