Полска гради нов ѕид на границата со Белорусија

Полска граница/Фото:EPA-EFE/VALDA KALNINA

Полски изведувачи денеска почнаа да работат на изградба на нов ѕид долж границата со Белорусија, чија цел е да ги спречи мигрантите да преминуваат по кризата во регионот минатата година, пишува Ал Џезира.

Ѕидот висок 5,5 метри, чија вредност изнесува 353 милиони евра, ќе се протега на 186 километри од границата, што е речиси половина од нејзината вкупна должина, и треба да биде завршен во јуни.

Изградбата предизвика загриженост за човековите права, односно начинот на кој мигрантите ќе можат да бараат азил, како и за влијанието врз дивиот природа низ главно пошумената граница.

– Нашата намера е да ја сведеме штетата на минимум, изјави денеска портпаролката на Граничната стража Ана Михалска.

– Сечата на дрвјата ќе биде ограничена на минимум. Ѕидот ќе биде изграден покрај граничниот пат, истакна Михалска, додавајќи дека изведувачите ќе ги користат само постоечките патишта.

Минатата година илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, ја преминале или се обиделе да ја преминат границата од Белорусија кон Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот